Во Прага одржан собир под мото „Косово е српско“

Од:

Околу 150 лица со транспарент „Косово е српско“ се собраа на плоштадот Свети Вацлав во центарот на Прага, во знак на протест поради независноста на Косово.

Станува збор за традиционална акција, која секоја година се одржува во чешката престолнина, пред денот кога Косово прогласи независност, односно 17-ти февруари 2008 година.

„Косово беше и секогаш ќе биде српско“ е мотото на собирот, кој што го организира здружението „Пријатели на Србите на Косово“.

Меѓу насобраните беше и поранешниот министер за надворешни работи, Јан Каван, а главен говорник беше претеникот на социјалдемократите Јарослав Фолдина.

Според неговите зборови, Косово се уште ги нема основните атрибути за држава, а невработеноста од 70 проценти и лошата инфраструктура се причини поради кои во последно време луѓето масовно бегаат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија