Во полициска акција во Србија илјада мигранти префрлени во прифатни центри, откриено оружје и муниција

Од:

Помошник директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави денес дека во акцијата што започна во четвртокот попладне набргу по вооружениот инцидент што се случи на подрачјето на Хоргош, полицијата извршила детален преглед на теренот и открила околу 1.000 мигранти кои биле пренесени во прифатните центри, јави дописникот на МИА од Белград.

Васиљевиќ во изјава за РТС, истакна дека полицијата при претресот на теренот пронашла одредена количина оружје и муниција.

-По однос на вооружениот инцидент во четвртокот, по пријава за пукање, за вооружен конфликт меѓу група шверцери и илегални мигранти, полицијата веднаш реагирала и презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело. Тие се главно државјани на Авганистан и Мароко. Инаку, во болницата во Суботица со повреди дошле шест лица и тие се под полициски надзор, изјави Васиљевиќ.

Тој рече и дека е пронајдено претежно автоматско оружје, пиштоли и одредена количина муниција, а при претрес на теренот на гардеробата кај одреден број лица биле пронајдени симболите на Ослободителната војска на Косово.

-По наредба на министерот, формирана е нова работна група која се занимава со безбедносни прашања, особено за територијата кон Унгарија, Северна Македонија и Бугарија, во која членуваат припадници на Управата за гранична полиција, Жандармеријата, Управата за криминалистичка полиција, Управата на полицијата, САЈ и други полициски служби, изјави помошник-директорот на полицијата Васиљевиќ и ги повика граѓаните веднаш да пријават во полиција доколку почувствуваат некаква нелагодност кога се во близина на мигранти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски