Во Подгорица почнаа акциите на движењето „Спротивстави се“

Од:

Претставници на движењето „Спротивстави се“, кои започнаа граѓански протести против властите во Подгорица на почетокот од годината, утрово ги пречекаа државните службеници во црногорската Влада, Претседателството и Обвинителството со звуци на сирените на автомобилите, со што ги почнаа акциите за ненасилен отпор против власта, најавени на осмиот протест одржан во саботата.

Денешната акција започна пред седум часот кога државните службеници пристигнуваа на работа и траеше околу половина час. Од озвучувањето се слушаа повиците „Спротивстави се“, „Замини“, „Ние сме држава”.

Целта на ваквите акции, како што беше претходно појаснето, е да го блокираат државниот систем со цел да ги натераат властите да ги прифатат нивните барања, како што се оставка на претседателот Мило Ѓукановиќ и на останати функционери во Владата, Обвинителството и Јавниот радиодифузен сервис, како и формирање техничка влада и создавање услови за одржување фер избори.

Демонстрантите бараат оставка од Ѓукановиќ и неговата Влада поради наводна злоупотреба на функциите, корупција и клиентелизам.

Црногорската власт ги одбива барањата на организаторите на протестите, но не ја исклучува можноста за разговори со организаторите на движењето „Спротивстави се“.

Претседателот Ѓукановиќ неодамна рече дека протестите се „легитимен начин за изразување на политичката волја и дека треба да се разговара со претствавниците на организацискиот одбор на граѓанските протести, доколку не се политички организирани“.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина