Во Никозија средба на лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци

Од:

Во Никозија денеска ќе се одржи првата средба меѓу претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, во рамки на обновениот дијалог за обединување на медитеранскиот остров, јавуваат кипарски медиуми.

На 1 декември двајцата лидери се договорија да ги интензивираат преговорите за Кипар, откако минатиот месец преговорите западнаа во ќор сокак во швајцарското одмаралиште Мон Пелрен.

Се очекува на средбата да биде ставен акцент на сите преговарачки поглавја во однос на кипарското прашање. Анастасиадис минатата недела изјави дека преговорите меѓу двете заедници се наоѓаат на критичка точка и оти решавањето на кипарското прашање бара храбри политички одлуки.

Во врска со тоа вчера Обединетите нации соопштија дека следниот круг од преговорите за Кипар ќе се одржат во Женева од 9 до 11 јануари 2017 година, а целта ќе биде да се даде поттик на преговорите под покровителство на специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за кипарскот прашање, Еспен Барт Ејде.

По преговорите ќе се одржи конференција за Кипар, која ќе почне на 12 јануари.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар