Во минибус во Бугарија откриени 28 имигранти од Авганистан

Од:

Бугарската полиција денеска во еден минибус во близина на градот Монтана откри 28 илегални имигранти, кои изјавиле дека се од Авганистан, јави БТА.

Минибусот со бугарски регистарски таблички патувал од Монтана кон градот Видин, во близина на тромеѓето на границата на Бугарија со Србија и Романија.

Како што соопшти полицијата, 31-годишниот возач на минибусот, кој е бугарски државјанин од Видин, е приведен.

Од имигрантите 19-мина поседувале документи издадени од бугарската Државна агенција за бегалци, што значи дека биле регистрирани при влез во Бугарија, додека останатите деветмина не поседувале никакви документи за лична идентификација.

Приведените имигранти се пренесени во центар за згрижување на бегалци во Софија, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ