Во Истанбул уапсени двајца припадници на ИД со 150 европски пасоши

Од:

Турската полиција на меѓународниот аеродром во Истанбул уапси двајца екстремисти на Исламска држава и конфискува најмалку 150 пасоши од европски држави.

На аеродромот „Ататурк“ уапсени се еден Сиријец и еден Турчин. Тие во Истанбул пристигнале од една европска држава. Пасошите биле скриени во печки за мини пици.
Неименуван турски претставниик изјави дека аеродромската полиција открила најмалку 150 лажни пасоши во личните работи на уапсените.

Дел од турските медиуми јавија дека полицијата запленила 148 оригинални пасоши од европски држави, кои биле скриени во пет печки за мини пици.
Полицијата конфискувала и две скриени камери и десетици мемориски и СИМ картички. 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска