Во Истанбул приведени 18 студенти кои протестираа против Ердоган

Од:

Турската полиција денеска приведе 18 студенти, кои протестираа во Истанбул против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Протестот беше организиран пред почетокот на церемонијата за одбележување на 130 години од постоењето на Универзитетот Мармара, на која учествува и Ердоган.

Демонстрантите носеа пароли против Ердоган, како и против распоредувањето на ракетите „Патриот“ во Турција.

За време на краткиот протест имаше туркање меѓу студентите и полицијата.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски