Во Хрватска истрага за ремонтот на Миг-21

Од:

Хрватската Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал – УСКОК потврди дека во соработка со воената и цивилната полиција спроведува криминалистичка истрага за ремонт и набавка на борбени авиони Миг-21.

– За резултатите, односно за одлуката на државниот обвинител јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти УСКОК на својата Интернет страница.

Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека Воено-безбедносната разузнавачка агенција и Воената полиција изминатите неколку недели дошле до информации дека е потребно да се извршат повторни дополнителни проверки во врска со ремонтот и набавката на авионите Миг-21.

Во соопштението се додава дека ќе се продолжи да се постапува во согласност со важечките законски прописи и по барање на надлежните државни тела, имајќи предвид дека постојат сериозни индикации за загрижувачки активности, кои би можеле да влијаат врз одбранбената способност на државата.

„Јутарњи лист“ претходно објави дека Воената полиција спроведува голема истрага за ремонт на хрватските борбени авиони Миг-21, поради утврдени неправилности, како и дека постои сомневање за корупција.

Хрватската војска во јули 2015 година од Украина доби 12 ремонтирани Миг-21. По осум месеци Хрватска располага само со три борбени авиони, додека пет се повлечени од употреба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски