Во Хрватска денеска е Ден на жалост за жртвите од земјотресот

Од:

Од полноќ, во Хрватска е Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресот што неодамна ја погоди таа држава.

На седницата во средата, хрватската Влада го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска и отвори сметка за помош на жртвите. Досега се собрани околу 4.7 милиони евра, потврдија до Црвениот крст.

Во земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди областа Петриња, загинаа седум лица, а над 20 беа повредени.

Материјалната штета е огромна, а реконструкцијата ќе трае со години. Практично целиот центар на Петриња е уништен, а некои околни села речиси повеќе не постојат, објави Индекс.

Штетите се огромни и во Сисак, каде локалната болница е многу оштетена.

Според првични проценки, оштетени се над 2.000 објекти во Сисачко-Мославачката жупанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски