Во Грција преку Бугарија може да влезат само државјани на ЕУ

Од:

Од Бугарија во Грција од денес можат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете земји се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.

Државјаните на ЕУ кои сакаат да влезат во Бугарија, прво мора да пополнат прашалник во кој се наведуваат целосното име и местото каде патуваат, пренесува БТА.

Се додава дека патниците по случаен избор ќе бидат тестирани за коронавирусот, а доколку се утврди дека некој патник е заразен, ќе биде испратен во 14-дневен карантин.

Илјадници граѓани на Србија, Босна и Херцеговина и други земји тргнале денес на пат кон Грција преку Бугарија, само за да бидат вратени на граничните премини од страна на грчките погранични служби. Дел од српските туристи сведочат дека денес биле спречени да влезат во Грција и на граничниот премин Евзони. Според најавите од Грчкото министерство за здравство, границата кон С. Македонија ќе остане затворена до 1 јули.

Локалните извештаи од Бугарија јавуваат дека на грчката граница од раните утрински часови е формирана колона автомобили која околу пладне веќе била долга неколку километри, и дека патниците биле државјани на Бугарија, Романија, Германија и други европски земји.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот