Редици на бугарско-грчката граница, српските туристи се враќаат назад

Од:

Колона возила од околу 15 километри имаше кусо по отворањето на бугарско-грчката граница на преминот Промахонас, јави грчката државна телевизија ЕРТ.

Конкретниот граничен премин од денеска е отворен, а најголемиот број возила, според ЕРТ, се од Бугарија и Романија, но и на Грци кои живеат во Германија, а не е мал бројот и на српски автомобили на коишто не им е дозволен влез и се враќаат назад.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, за туристите од Србија, земја која спаѓа во групата трети земји, до 30 јуни е забранет влез во Грција од Бугарија, а истото важи и за Северна Македонија и Албанија.

Паралелно, на граничниот премин, од грчка страна има претставници на Националната организација за јавно здравје кои вршат тестови по случаен избор.

Иако граничниот премин требаше да се отвори точно напладне, според медиумите во Грција, поради метежот и колоните возила, бил отворен порано, кусо по 11 часот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он