Во Еквадор уапсен Албанец, еден од најбараните од Интерпол, се маскирал како трговец со овошје

Од:

Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е уапсен во León Febres Cordero Avenue на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол Холандија од 15 март откако истражителите го лоцирале, пренесува АБЦ њуз.

Според истрагата, во 2010 година побегнал од Холандија, чие државјанство поседувал, најпрво во Перу, а од 2018 година живеел во Еквадор со сопругата и ќерката, преминувајќи ја границата по копнен пат.

Таму бил регистриран како трговец со овошје, исто како и во Барцелона, Шпанија, што му овозможувало да ги избегнува полициските власти.

Уапсен е додека управувал камион, а одземени му биле шест мобилни телефони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин