Во двата коверти испратени до Судот во Анкара не се откриени радиоактивни материјали

Од:

Локалните власти во Анкара соопштија дека во двата сомнителни коверти, кои денеска биле испратени до Судската палата во главниот град на Турција, не биле откриени радиоактивни или биолошки материјали.

Вакви пратки со жолт прав, исто така, беа испратени во петокот и до шест дипломатски претставништва во Истанбул.

Во Судската палата веднаш пристигнале експертски тимови, кои почнале истрага во врска со сомнителните пратки, по што беше соопштено дека во нив не се пронајдени радиоактивни или биолошки материи.

Конзулатуте на Канада, Белгија, Германија, Франција и САД во петокот добија коверти со сомнителен жолт прав, а турските власти соопштија дека унгарското дипломатско претставништво во Истанбул денеска добило ист таков пакет.

Турското Министерство за здравство нагласи дека правта во пакетите имала негативни резултати за антракс, рицин, ботулинов токсин и колера, но сепак ќе бидат направени и дополнителни анализи.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски