Во Драч средба на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан

Од:

Во албанскиот пристанишен град Драч на 30 и 31 март ќе се одржи средба на шефовите на дипломатите на земјите од Западен Балкан.

Според албанското Министерство за надворешни работи на министерскиот самит ќе учествува и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

– Во продолжение на Самитот на Западен Балкан  одржан во Виена, на 27 август 2015 година, а во функција на подготовка на Самитот што ќе се одржи во Париз во јули годинава,Министерството за надворешни работи, во Драч организира средба на министрите за надврешни работи на земјите од Западен Балкан. На средбата ќе присуствува комесарот на ЕУ за европска и соседска политика и проширување,Јоханес Хан, генералниот секретар на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа,Горан Свилановиќ,чешкиот министер за надвроешни работи,Љубомир Заоралек во својство на претседавач на Вишеградската група,како и заменик секретарот за надворешни работи на Италија, Винченцо Амендола, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.

Самитот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан ќе биде посветен  на продлабочувањето на соработката во подготовка на регионални проекти ,посебно во областа на енергетиката и транспортот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент