Во Црна Гора запленет хероин вреден околу половина милион евра

Од:

На граничниот премин Божај, на влез во Црна Гора од Албанија, црногорските полицајци и цариници синоќа одзедоа околу 17 килограми хероин и уапсија албански државјанин.

Како што соопштија полициската и царинската управа, Е.А.(35) е уапсен поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство, држење и ставање во промет опојни дроги.

„Во внатрешната кабина во инструменталната табла на товарно возило марка „даф“ со приклучно возило марка „шварцмилер“ пронајдени се 18 пакувања со прашкаста материја во светлокафеава боја за која се претпоставува дека е опојна дрога хероин, додека во друг бункер се најдени 12 пакувања со иста содржина“, се наведува во соопштението.

Одземени се вкупно 30 пакувања со прашкаста материја за која се претпоставува дека е опојна дрога хероин со тежина околу 17 килограми.

Вредноста на одземениот хероин во улична продажба се проценува на околу половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски