Во Бугарија ќе се формира аналитичко тело што ќе ги следи дезинформациите во медиумите

Од:

Бугарскиот министер за електронска управа, Божидар Бојанов, за време на парламентарната контрола во Народното собрание најави дека ќе се формира ново аналитичко тело за следење на содржината на медиумите и социјалните мрежи во земјава.

dobivaj vesti na viber

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пренесувајќи го бугарскиот министер, тоа тело нема да ги одземе ингеренциите на Советот за електронски медиуми во земјава.

Според него, новата единица нема да ги регулира, туку ќе ги следи случаите на намерни дезинформации.

Бојанов кажа и дека во Бугарија не постои орган што е конкретно надлежен за политиката на заштита од хибридни закани, вклучително и против намерните дезинформации.

Според министерот Бојанов, во Бугарија се финансираат и создаваат манипулативни содржини за одредени теми со подржување на таканаречени фабрики за тролови што ја координираат дистрибуцијата на оваа содржина на социјалните мрежи.

Овие тролови, смета тој, често пати се луѓе кои работат од дома. Тие се плаќаат по коментар или објавена статија. По команда тие споделуваат „вести“ до одредени целни групи, на кои им укажува координативниот трол. Ова пак доведува до алгоритамско зголемување на дистрибуцијата на овие содржини и, соодветно се прикажуваат на повеќе луѓе. Исто така, овие тролови известуваат за легитимни гласови во општеството и на социјалните мрежи, што доведува до нивно блокирање, изјави министерот за електронска управа во бугарската Влада, Божидар Бојанов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Минималната пензија во Бугарија 235 евра, а максималната 1000 евра

Ана Ололовска

Румен Радев ги заврши консултациите пред да врачи прв мандат за нова влада на Бугарија

Ана Ололовска

„Продолжуваме со промената“ денеска почнуваат консултации со „Демократска Бугарија“, БСП и независните пратеници во бугарскиот парламент

Ана Ололовска

Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Анита Петровска Рајковиќ

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Две партии од владејачката коалиција во Бугарија не отидоа на консултации кај претседателот Радев

Ана Ололовска