Во Бугарија има два до трипати повеќе луѓе заразени со ХИВ отколку што се официјално регистрирани

Од:

Од почетокот на 2022 година досега во Бугарија има 299 новорегистрирани носители на ХИВ инфекцијата, од кои 25-30 отсто се странски државјани, а голем дел се лица од Украина. Тоа го изјави за БТА Тонка Варлева, член на Комитетот за стратешко планирање на Одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Според неа, сите заразени во Бугарија примаат антиретровирусна терапија.

Во Бугарија се регистрирани вкупно 4.020 лица со ХИВ инфекција.

Во Бугарија има два до три пати повеќе луѓе заразени со ХИВ отколку што се официјално регистрирани, вели Варлева во интервјуто.

Таа додава дека е забележително дека во последните години во државата 80-90 отсто се заразени по сексуален пат, а од нив речиси половина се мажи кои имале сексуален контакт со мажи.

Речиси 5 проценти од заразените биле заразени при користење инекција со наркотици, главно хероин.

Секоја година Министерството за здравство на Бугарија организира тендер за централно снабдување со тестови за СИДА. Годишно се организираат четири кампањи за промовирање на истражувањето за ХИВ и околу 250 – 300 илјади луѓе се тестираат секоја година. Според неа, за време на бранот со Ковид-19, нивниот број се намалил поради отежнатиот пристап до истражување, јави БТА.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска