Во Босна и Херцеговина ќе се пребројуват гласовите за претседател на Република Српска

Од:

На итната седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина е донесена одлука за пребројување на ливчињата за претседател на РС поради „неправилности и математички нелогичности“, соопшти Централната изборна комисија, пренесува Аваз.

– Утрово ЦИК одржа колегиум на кој разгледа забелешки и приговори за изборниот процес во РС за претседател и потпретседател на РС. Имавме материјални докази и видео материјали каде што процесот беше недвосмислено контаминиран така што не можеше да се дадат резултатите од изборите. ЦИК по службена должност му наредува на главниот пребројувачки центар да ги отвори кутиите и повторно да ги преброи гласачките ливчиња во округот Брчко за претседател на РС, изјави претседателот на ЦИК Суад Арнаутовиќ.

Да потсетиме, Милорад Додик според резултатите има речиси 30 илјади гласови повеќе од Јелена Тривиќ.

Би можело да ве интересира

Додик: Интерпол рече дека тоа е политички прогон, но тоа не е доволно за политичко Сараево

Интерпол повторно одби да издаде потерница по Додик

Додик: Шмит ја води БиХ во авантура и затоа државата се распаѓа

Додик: Источно Сараево е нашата стратешка област

Додик му порача на Сараево: Екстрадирајте го Шмит во Српска и ќе ја решиме кризата во БиХ

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ