Додик: Шмит ја води БиХ во авантура и затоа државата се распаѓа

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес во Бања Лука изјави дека владејачката коалиција во Република Српска се согласува дека нелегитимноста на Кристијан Шмит ја води БиХ во авантура и дека затоа таа се распаѓа.

„Инструментализацијата на нелегалните судови и обвинителства на БиХ води кон ова. Сигурно е дека сите институции што не се предвидени со Уставот на БиХ треба да бидат укинати“, рече Додик на прес-конференција по состанокот со претставници на политичките партии што го сочинуваат владејачкото мнозинство во Република Српска.

Тој потсети дека Уставот на БиХ не ги вклучува Агенцијата за истраги и заштита (СИП), Високиот судски и обвинителски совет (ВСО), Судот и Обвинителството на БиХ, што значи дека тие се вонуставни.

Би можело да ве интересира

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски

Додик: Дејтон е урнат, останаа само урнатините

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Додик дал многу пари на луѓе на Трамп пред изборите, открива „Њујорк тајмс“

Додик прогласи убедлива победа на СНСД на сите нивоа

Предраг Петровиќ

Додик: Воените симболи немаат место во јавниот простор на Република Српска