Во Албанија за десет месеци откриени над 11.000 мигранти

Од:

Албанија се чини станува главната порта за мигранти од Блискиот исток, кои транзит минуваат низ нејзината територија, во обид да заминат во некоја од земјите на ЕУ.

-Во изминатите десет месеци откриени се повеќе од 11.000 илегални имигранти, главно државјани на Сирија,потоа Авганистан и Мароко, што е за над 2.000 повеќе споредено со истот период од минатата година,кога биле откриени 8.640 илегални мигранти. Само во октомври откриени се 2.500 имигранти, пренесува Ора њуз телевизија.

Според истиот извор, 2.500 од мигрантите поднесле барање за азил, додека „останатите ги напуштиле камповите за да го повторат обидот да заминат во земјите на ЕУ“.

-Покрај зголемувањето на бројот на мигрантите, според албанските власти, проблематична станува се поголемиот број албански граѓани кои се вклучуваат во трговијата со луѓе. Само во текот на оваа година се уапсени 174 лица кои биле затекнати како превезуваат странски државјани со своите возила. Полицијата уапси и 5 сириски и марокански државјани кои соработувале со Албанците за превоз на нивните сонародници,наведува телевизијата.

За разлика од претходно,кога најчесто патот се обидуваа да го продолжат преку Црна Гора а многу поретко преку Јадранско Море, сега полицијата открила многу случаи со мигранти кои преку Јадранско Море, во мали бродови се транспорираат до Италија,за износ од најмалку две илјади евра по лице.

По копно продолжуваат обидите за влез во Црна Гора,но најбројни се за влез во Косово, за што шверцерите ја зголемиле и цената за транспорт,од 100 на 500 евра по лице.

Бранот мигранти поинтензивно почна од крајот на мај по олеснувањето на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент