Во Албанија вкупно 6.000 убиени за 22 години поради крвна одмазда

Од:

Во Албанија, во последните 22 години, односно по падот на комунизмот убиени се 6.000 лица поради крвна одмазда, во своите домови се затворени и се заштитуваат да не бидат ликвидирани, се наоѓаат десет илајди семејства, јави дописникот на МИА од Тирана.

Ова, според весникот „Шекули“, стои во последниот извештај на Народниот правобранител на Албанија.

Народниот правобранител во документот уште ги наведува и мерките кои треба да ги презема државата за да се спречи оваа појава.

Како што стои во извештајот, најголем број од убиствата поради крвна одмазда се извршени во Тирана каде што мигрирале голем број семејства од повеќе делови на Албанија со цел да ја избегнат крвната одмазда.

Она што посебно се нагласува е фактот што убиените се на возраст од 21 до 37 години и оти меѓу нив има и жени и деца.

Во извештајот стои дека бројот на семејствата кои влегуваат во крвна одмазда последните години се намалува, но оти ова и понатаму претставува загрижувачка појава.

Феноменот на крвна одмазда во Албанија датира од 15 век, но речиси во целост беше прекината во време на владеењето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент