Во Албанија продолжува имунизацијата против Ковод-19 на здравтсвените работнци, кои директно се ангажрани во лекувањето на ковид пациентите.
Денеска, на шестиот ден од почетокот на вакцинацијата првите дози на вакцината Фајзер ги примаат лекарите и медицинските сестри од болницата Ковид 4.
Министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, објави неколку фотографии од денешниот тек на вакцинацијата, што се реализира во соодветно направените кабини на стадионот „Ер Албанија“.
– Поголемиот процент од здравствените работници во ковид болниците се вакцинирани, со што 308 лекари и медицински сестри од првата линија на битката со опасниот вирус сега се позаштитени од опасниот вирус. Процесот на вакцинација продолжува, напиша Манастирлиу.
Првите 975 дози од вакцината Фајзер пристигнаа во понеделникот (11 јануари), донација, од, како што рече премиерот Еди Рама, пријателска земја членка на ЕУ, која не сакала да и биде јавно соопштено името.
Според најавата првите 10.750 дози од договрените 500.000 со Фајзер, треба да прситигнат првите денови од следната недела.
Прва вакцинирана беше Началничката на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо а веднаш по неа првата доза ја прими и премиерот Рама.