Во Албанија приведени имигранти со симптоми на ебола

Од:

Албанската полиција приведе  40 илегални емигранти, од кои за петмина постои сомнеж дека можеби се инфицирани со вирусот на еболата, јави дописникот на МИА.

Веднаш по нивното приведувањето на имигрантите во близина на приморскиот град Валона, петмината со симптоми на смртоносната ебола биле префрлени во регионалната болница поради испитување дали се носители на вирусот.

Според полициски извори, илегалците, кои по поткло се од Еритреа, прво пристигнале во Грција, а потоа илегално влегле  на албанска територија.

Точниот број на илегални имигранти од  сиромашните африкански и азиски земји во Алабанија не е познат, но полициската стаитистика потврдува дека во изминатиот период од годинава се откриени петстотини, кои главно се од Еритреа и Сомалија. Тие албанската територија ја користат само транзит за да заминат во некоја западноевропска земја.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он