Во Албанија петдневна изолација за заразените со Ковид-19, полицискиот час останува

Од:

Во Албанија заразените со Ковид-19, наместо две недели, како досега, од денеска во изолација ќе остануваат само пет дена, објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.

Таа додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучил да го намали времето за изолација и препорачал третата доза на вакцината да се даде пет месеци по втората доза.

Во однос на анти-ковид мерките Манастирлиу потенцира дека „состојбата се следи внимателно и мерките ќе се разгледаат дополнително“.

– На состанокот на Техничкиот комитет на експерти, за процена на епидемиолошката состојба, процена на напредокот на програмата за вакцинација и мерките против Ковид, одлучено е, исто така, да се намали периодот на вакцинација со трета засилувачка доза, од сегашните шест месеци, на пет месеци по втората доза. Останатите мерки ќе бидат разгледани набрзо и какви измени ќе има зависи од текот на епидемиолошката состојба, нагласи албанската министерка.

Тоа значи дека и понатаму во сила е полицискиот час, воведен во ноември 2020 година, кој трае од 23 до шест часот.

Според Манастирлиу, од почетокот на пандемијата досега направени се 1.732.633 тестови, вирусот е потврден кај 270.734 граѓани, закрепнале 263.518, починале 3.453 лица, додека моментно активни на болеста се 3.763 лица. Од средната на јануари минатата година, кога почна имунизацијата, аплицирани се 2,68 милиони дози вакцини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски