Во Албанија над 50 илјади семејства ќе плаќаат поскапа струја

Од:

По најавата од албанската Влада дека оние семејства кои трошат над 700 киловатчасови електрична енергија месечно, ќе плаќаат повисока цена, според податоците на Регулаторниот завод за енергетика поскапа струја ќе плаќаат над 50 илјади семејства.

– Во земјата има околу 1, 2 милиони потрошувачи-семејства при што над 50 илјади трошеле повеќе од 700 киловатчасови електрична енергија месечно, што е шест отсто од вкупниот број. Според пресметките тие ќе плаќаат два до трипати повисока цена по киловатчас, пренесува АБЦ њуз.

За останатите семејства, како што изјави премиерот Еди Рама, цената, која изнесува 9,5 лека без ДДВ не се менува.

Дека ќе има поскапа струја за семејствата кои трошат повеќе најави Рама на пленарна седница на парламентот на 31 минатиот месец.

Вчера по седница на владата министерката за енергетика и инфраструктура Белинда Балуку го потврди тоа и ја кажа и количината од над 700 киловатчасови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он