Во Албанија над 200 илјади лица примиле две дози од вакцината против Ковид-19

Од:

Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, информираше дека во земјата имунизацијата против Ковид-19 се одвива со забрзана динамика.

Преку објава на Фејсбук таа наведува дека над 200 илјади веќе ја добиле втората доза од вакцината.

– Повеќе од 200 илјади граѓани ги примија двете дози од вакцината и денеска се многу позаштитени од Ковид-19. Процесот се одвива со зголемена динамика на целата територија на земјата. Албанија се насмевнува, напиша Манастирлиу.

Додава дека вкупната бројка на имунизирани достигнала 650 илјади и повеќе од оптимист е дека до јуни со овој процес ќе бидат опфатени милион граѓани, што и била цел на владата.

Според неа деновиве се очекува да пристигнат нови пратки со вакцини.

-До сега имаме добиено над 760 илјади вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Спутник В. Деновиве ќе добиеме нови пратки, наведува таа.

Според објавените податоци на ресорното Министерството, вчера, регистрирани се 49 нови случаи, оздравеле 983, додека починало едно лице. Се намалува и бројот на хоспитализирани, кој моментно е 84 пациенти.

Од девети март минатата година, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија, заразени се вкупно 131.939 лица од направените 671.495 тестови. Оздравеле 122.105, починале 2.427, додека активни на болеста се 7.407 лица.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он