Во Албанија ќе се утврдува имотот на Мубарак

Од:

По барање на египетското обвинителство, во Албанија во тек е верификација на евентуален недвижен имот и банкарски сметки на поранешниот претседател Хосни Мубарак, неговото семејство и високи функционери од неговиот режим.

– Од египетското обвинителство има седум барања за верификација на 47 имиња, меѓу кои се и жените и децата на Мубарак, негови блиски, како и поранешни министри и високи функционери на Египет од времето кога Мубарак беше на чело на државата. Според доставените материјали овие лица под истрага се и во Египет под различни обвиненија „корупција“, „ кражба на државниот имот“, „перење пари“ и слично, пренесуваат албанските медиуми.

Во интерес на оваа истрага од албанските власти се бара да се утврди целиот недвижен имот, банкарските сметки и партнерства за кои има основано сомневање дека постојат во Албанија. Доколку се идентификува имот на нивно име Обвинителството на Египет бара тие да се конфискуваат за сметка на Каиро.

Постои основано сомнение дека 47-те лица, чиј идентите е познат на Обвинителството, преку злоупотреба на службената положба во периодот од 1982-2010 година се стекнале со имот вреден 185 милјарди американски долари.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек