Во Албанија деветта жртва од новиот коронавирус

Од:

Во Инфективната клиника во Тирана синоќа почина 52-годишна пациентка заразена од Ковид-19,со што бројот на починатите од овој новиот коронавирус во Албанија се зголеми на девет лица.

Жената е од приморскиот град Валона, а на Клиниката била хоспитализирана пред четири дена ,а последните два била на интензивна терапија.

Соопштувајќи ја веста, Министертвото за здравство и социјална заштита изрази сочувство до семејството на пациентката и го повтори апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките, посебно да седат дома, ако мора да излезат да одржуваат социјална дистанца и да се јават на телефонскот број 127 доколку имаат симптоми на оваа болест.

Инаку, првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец. Другите починати од новиот коронаврус се од 43 до 85-годишна возраст.

Според официјални податоци досега во Албанија Ковид-19 е дијагностициран кај 186 лица, од четири деца.

Успешно излекуван е 31 пациент, а 77 се хоспитализрани во Инфективната клиника во Тирана.

Би можело да ве интересира

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска