Во Албанија денеска рекордна бројка – 162 новозаразени со коронавирус

Од:

Во последното деноноќие во Албанија регистрана е највиска дневна бројка на новозаразени со Ковид-19 од појавата на болеста на почетокот на март.

-Од направените 914 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 162 лица, што е 18 отсто од тестираните. Во исто време, оздравени се 150 пациенти, додека починаа четири лица, на возраст од 47 до 75-годишна возраст, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.

Најголемот број од новозаразените и понатаму се од Тирана или 63, потоа од Корча 16, 10 од Драч, останатите се речиси од сите делови на земјата.

Поради ширењето на болеста меѓу наставниот кадар, Министертвото упатува апел до сите училишта и граѓаните во целина строго да ги почитуваат мерките за заштита и да избегнуваат групирања и домашни посети.

Како што инфомирираше вчера Генералниот директорат за основно и средно обрзование, во просек дневно отсуствуваат по 80 наставници и 40 ученици.

Во Албанија до сега направени се 94.840 тестирања, позитивен резултат е добиен кај 14.730, оздравеле 9.115, додека починале 407 лица.

Според Министертвото расте бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.208 активни 231 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана.

Поради постојаниот раст на новозаболени и хоспитализирани министертвото информраше дека подготвени се за прием на овие пациенти уште четири болници а во случај на потреба во уште неколку регионални болници ќе бидат отворени ковид центри.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски