Во Албанија 550 нови случаи со Ковид-19, највисок број во последните три месеци

Од:

Во последното деноноќие во Албанија потврдени се 550 нови случаи со Ковид-19 што е двојно повисока бројка од оние во изминатите денови и е највисока бројка во последните три месеца.

– Се зголемува бројот на новозаразени. Во последните 24 часа од направените 1.537 тестови вирусот е потврден кај 550 или 35,8 отсто од тестираните. Регистриран е еден починат а на болнички третман се 19 пациенти, соопшти министерството за здравство и социјална заштита.

Министерството го повторува апелот граѓаните да се вакцинираат, да се повнимателни, посебно во периодот кој следува кога се зголемуваат контактите поради движењето во летната сезона. Потсетува дека секое лице над 12- годишна возраст може да се имунизира во сите здравствени установи.

Официјалната статистика потврдува дека до сега во земјата се направени 1.846.098 тестови, позитивен резултат е добиен кај 279.717лица, закрепнале 274.054, активни на болеста се 2.164 а починале 3.499 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици