Во Албанија 1.215 новозаразени со Ковид-19

Од:

Во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи со Ковид-19, каде во последното деноноќие вирусот е потврден кај 46,3 отсто од тестираните, што е највисока инциденца во последните неколку месеци, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Од направените 2.623 тестови позитивен резултат е добиен кај 1.215 што е 46,3 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 646, а починаа две лица на 45. и 84-годишна возраст“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.

Моментно активни на болеста се 6.226, а на болнички третман се 27 пациенти.

Зголемување на заразата е присутно од почетокот на месецов, кога во просек дневно има по околу 800 новозаразени.

Како што потврдија од Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, во земјата циркулира варијантата БА5.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он