Во аферата „Галеника“ уапсен и сопственикот на леарницата „Јеремиќ“

Од:

Миодраг Јеремиќ, сопственикот на леарницата „Јеремиќ” е упасен заедно со уште седумина во финасиската афера во Србија „Галеника“ тешка десетици милиони евра кои завршиле во приватни џепови. Токму леарницата „Јеремиќ“ стои зад изработката на многу споменици и во проектот „Скопје 2014“.

Директорот на леарницата е упасен поради тоа што цените на скулптурите кои ги продавал на Галеника била зголемувана и за 20 пати. Од тука се наметнува прашањето по која и каква цена оваа леарница ги изработуваше спомениците и скулптурите за Македонија?

Во целата афера е поднесена кривична пријава против осум лица поради соменвање дека во текот на 2009-2010 година при увоз на суровини за потребите на „Галеника“, набака на скулптури и продажба на лекови ја оштетиле „Галеника“ за 12 милиони евра, изјави вчера обвинителот, Миљко Радисављевиќ, но и најави дека сумата ќе расте како истрагата се продлабочува.

– Во истиот период без спроведена постапка за јавна набавка Галенија по повеќекратно зголемени цени купила скулптури за кои се исплатени преку два милиони евра, а една од нив е платена преку 650.000 евра и до ден денеска не е преземена од леарницата со оглед дека е утврдено дека нема никаква уметничка вредност, потврди обвинителот Миљко Радисављевиќ.

Директорот на полицијата Милорад Вељовиќ изјави дека досега е утврдено како компанијата „Галеника“ со малверзации во работењето е оштетена за околу 12 милиони евра, но и дека со натамошната истрага ќе се дојде до многу поголема сума, а финансиските транскакции се одвивале преку Агробанка.

Тој кажа дека седум милиони евра се злоупотребени за набавка на суровини за изработка на лекови, два милиони ерва за скулптури од леарницата „Јеремиќ“ и повеќе од два милиони евра од продажба на готови лекови без одлуката на органите на управувањето.

– Трагикомично е што „Галеника“ се занимавала со купување на скулптури, како тоа да и е работа, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и најави дека никој нема да биде поштеден.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски