Внук на познат хрватски актер и режисер е осомничен за убиство

Од:

Матија Врдољак (27), внук на Антун Врдољак, познат хрватски актер и режисер, е приведен во затворот Ремитенец бидејќи е осомничен за обид за убиство.

Вечерњи лист пренесува дека истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одредил мерка притвор поради ризик од влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Се наведува дека адвокатот на Врдољак Фран Олујиќ не сакал ништо да коментира.

Матија Врдољак завршил во Реметинец поради настан што се случил на 9 декември 2023 година во 4.30 часот на улица во Загреб.

Неколку лица прво вербално, а потоа и физички се пресметале. При тој конфликт постои сомнеж дека Матија Врдољак со нож му нанел убодна рана на 21-годишно момче кое завршило во болница.

Нему му е изречена мерка притвор во траење од еден месец, а неофицијално се дознава дека и претходно бил пријавуван за низа прекршоци затоа што пијан викал на пат, навредувал полицајка и неколку пати со себе имал марихуана.

Би можело да ве интересира

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Охриѓанец осомничен за обид за убиство на 39-годишна скопјанка

Обид за убиство на Бит Пазар, жртвата имала 10 убоди: петмина се приведени

Катерина Ѓуровски

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ