Охриѓанец осомничен за обид за убиство на 39-годишна скопјанка

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против Е.М.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

„На 8.3.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“, тврди МВР.

Би можело да ве интересира

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Брутален напад во Белфаст – Суданец се обидел да ја обезглави жртвата

А1он

Го чекале со пишитоли поради сообраќаен инцидент, двајца браќа осомничени за обид за убиство