Обид за убиство на Бит Пазар, жртвата имала 10 убоди: петмина се приведени

Од:

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против пет лица. Инцидентот се случил на 08.03.2024 околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога пет лица со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.

– Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода. Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор, информираше Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка