Властите им дозволија на турските адвокати да влезат во Анкара

Од:

Турските власти денеска им дозволија на адвокатите кои протестираат да продолжат со симболичниот марш кон главниот град Анкара, со што завршија тензиите со полицијата кои траеја 24 часа.

Претседателите на околу 60 регионални адвокатски асоцијации од Турција, во нивните професионални одори, тргнаа пеш кон Анкара минататат недела за да протестираат против плановите на владата за промена на законите со кои се уредуваат адвокатската дејност и адвокатските комори, вклучувајќи го и начинот на кој здруженијата ги избираат своите претседатели.

Полицијата вчера ја блокираше групата адвокати на автопатот при влезот во Анкара, соопштувајќи дека маршот не е дозволен и дека ги крши мерките што се во сила заради пандемијата на коронавирусот.

По краток судир со полицијата вчера, адвокатите го продолжија својот мирен протест, седејќи на земја во текот на ноќта под силниот пороен дожд.

Полицијата денеска ги отстрани барикадите и им дозволи на адвокатите да маршираат кон градот. Потоа со автобус беа однесени во мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, каде му оддадоа почит на основачот на Република Турција.

Би можело да ве интересира

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Протести и контрапротести во Њујорк

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул