Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од младите повредени во пожарот во Кочани.

-Во оваа болница првично беа примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобри здравствената состојба. Двајцата преостанати пациенти, Мартин и Борис, се во стабилна состојба и продолжуваат со закрепнувањето, се наведува во соопштението.

За време на посетата Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, се сретна и со родителите на пациентите и изрази „поддршка и солидарност во овие тешки моменти“.

-Тој изрази посебна благодарност до д-р Мустафа Туран и конзулот на Северна Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, за покажаната грижа и посветеност. „Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство, нагласи Таравари.

Министерот за здравство вчера во Едрене, Турција, учествуваше и се обрати на Балканскиот здравствен бизнис-форум при што соопшти дека 165 пациенти од Северна Македонија во 2024 година биле лекувани во здравствени установи во Турција.

Би можело да ве интересира

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он