(ВИДЕО) Застрашувачко торнадо во Аја Напа во Кипар: Туристите трчаа да го спасат својот живот, летаа лежалки и чадори

Од:

Опасниот воден и воздушен вител предизвика хаос долж брегот на популарното туристичко место Аја Напа. Уловен е моментот кога летаа лежалки и чадори, а туристите трчаа да си ги спасат животите.

Снимките ги прикажуваат почетните фази на торнадото во Аја Напа, Кипар во понеделникот. Брзо доби замав и се разви во поголем вртлог налик на торнадо и, како што се засилуваше брзината, растеше се повеќе и побрзо. На крајот стигна до плажата, разнесе сè и комбинираше вода со песок додека туристите бегаа од областа.

Од локалната полиција велат дека не е причинета поголема штета, освен што на плажата се поместени неколку лежалки. Владините бројки покажуваат дека околу 1.000.000 туристи од Велика Британија патуваат во Кипар секоја година, а Аја Напа е една од најпопуларните дестинации.

Лесни „торнада“, повремено се појавуваат на крајот на летото и на есента и може да бидат опасни за бродарите и крајбрежните локации, но не претставуваат никаква закана понатаму во внатрешноста на копното.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар