(ВИДЕО) Загреб на нозе – Сава се излеа од коритото, врвот на водениот бран допрва доаѓа

Од:

Невремето од Словенија пристигна во Хрватска. Поради најавеното невреме со грмотевици, ДХМЗ вклучи портокалов аларм за Загреб, Карловац и Сплит, додека црвен аларм е во сила за регионите Госпиќ и Риека поради обилните врнежи од дожд.

Поради обилните врнежи во Загреб реката Сава се излеа од коритото.

Според хидролошките модели и досегашната прогноза за нови обилни врнежи, нагло покачување на водостоите се очекува и во помалите притоки на горните делови на басенот Драва и Сава, каде што е можно да се воспостават и вонредни мерки за одбрана од поплави.

Исто така, во текот на денешниот ден се прогнозираат обилни врнежи од дожд на подрачјето на северниот дел на Јадранот, Горски котар, Лика, централна и северозападна Хрватска, а доцна попладне и во текот на ноќта во подрачјето на централниот и јужниот дел на Јадранот може да предизвикаат поројни и урбани поплави.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ