(ВИДЕО) Вучиќ за апсењето на косовските специјалци: Се сомневаме дека сакаа да ликвидираат некого

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ го коментираше апсењето на тројца косовски специјалци за време на гостувањето на РТС. Попладнево српски полицајци уапсија косовски полицајци тврдејќи дека се на територијата на централна Србија.

Косовската полиција, министерот за внатрешни работи и премиерот Албин Курти тврдат дека се работи за киднапирање и дека се случило на територијата на Косово. Приштина тврди дека припадници на српската армија ги уапсиле косовските специјалци. По инцидентот, Владата на Косово донесе одлука да го забрани увозот на стоки од Србија.

„Се наоѓаме на крстосница каде што треба да одлучиме дали ќе продолжиме да имаме мир или не. Има еден човек на Балканот кој сака да предизвика војна и конфликти по секоја цена, а тоа е Албин Курти“, изјави Вучиќ за РТС, додавајќи дека враќањето во нормала ќе биде тешко.

Вучиќ вели дека ниту еден српски војник не ја поминал границата

Вучиќ ги демантираше тврдењата на официјална Приштина дека апсењето го извршила српската војска во Косово. Тој додаде дека тоа го знае и КФОР.

„Гарантирам дека ниту еден војник на српската војска и ниту еден полицаец не ја поминал административната линија или, како што велат другите, границата. Ги уапсивме на 1,8 километри од административната линија, во областа Орахово-Гњилица“, рече претседател на Србија.

„Припадниците на косовската полиција рекоа дека не знаеле дека ја преминале границата“

Вучиќ тврди дека уапсените косовски полицајци не откриле што правеле во областа каде што биле приведени.

„Единствено што рекоа е дека не знаеле дека ја поминале границата. Некои велеа: „Не знам да користам GPS“ и слично“, вели Вучиќ.

Во врска со забраната за увоз на стоки, Вучиќ рече дека тоа е спротивно на меѓународните прописи и правилата на ЦЕФТА и дека тоа е доказ за намерата на Приштина да го „огладне народот на север“ и да им ги ускрати лековите и основните прехранбени производи.

„Ова ја покажува нивната намера трајно да го протераат српското население од север. Граѓаните на север не треба да се грижат, нема да дозволиме да гладуваат“, рече Вучиќ.

Вучиќ коментираше дека од почетокот на годината има повеќе апсења на Срби, како и шестмина Срби кои биле ранети од огнено оружје.

„Ниту еден Албанец не е застрелан… Ниту еден Србин не застрелал ниту еден Албанец. Полицајците никаде на територијата на централна Србија не застрелале ниту еден Албанец. Ова им се случува само на Србите“, рече Вучиќ на гостувањето на РТС.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани