ВИДЕО: Вучиќ ќе се вакцинира, Србија ќе ја започне имунизацијата во домовите за стари лица

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното гостување во телевизиската емисија „Прва тема“ најави дека ќе ја прими вакцината против коронавирусот.

Вучиќ рече и дека првите дози вакцини на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ ќе пристигнат во Србија во следните денови, а дека властите планираат да ја започнат имунизацијата на населението во домовите за нега на стари лица, кај луѓе над 70-годишна возраст.

„Нам вакцината ќе ни биде потребна и во мај и во септември. Имам апсолутна доверба во Вархеји и сигурен сум дека ќе даде се од себе Србија и Западниот Балкан да ја добијат вакцината. Секако дека сите вакцини ќе бидат бесплатни за сите луѓе. За некој ден ќе ги добиеме првите вакцини на ‘Фајзер”, од кои добивме 5.000 дози,“ рече Вучиќ (околу 28 минута од видеото).

Српскиот претседател додаде и дека владата ќе купи од вакцините, но и ќе обезбеди можеби и 100.000 бесплатни дози, затоа што „Србија е земја што има пријатели“.

„Масовната вакцинација можеме да ја очекуваме многу брзо. Борбата за вакцините е голема, но луѓето ќе добиваат безбедни вакцини. И јас ќе ја примам вакцината,“ рече Вучиќ.

Во Србија од почетокот на пандемијата над 288.000 луѓе се заразиле со коронавирусот, а до денеска, од последици на компликации предизвикани од Ковид-19 починаа 2.529 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе