ВИДЕО: Во Банат оштетени стотина куќи од торнадо

Од:

Жителите во село Торд, во општина Житиште се во шок, по торнадото кое го погоди местово во недела и направи големи штети.

Голем број домови останаа без своите покриви, а силниот ветар откорна и многу дрвја.

На терен се комуналните претпријатија од општината, припадници на полицијата и противпожарната служба како и комисијата за проценка на штета.

-Среќа што нема жртви и никој не е поврден. Вакво невреме не се памети. Прогласена е вонредна состојба. Досега штета пријавија околу 80 домаќинства, а оштетени се околу 100 објекти. Главно настрадаа покривите, гаражите, електричните столбови, а штетите се милионски, изјави претседателот на месната заедница на Торд.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско