(ВИДЕО) Училишно насилство во Црна Гора: Јa удираа наставничката, фрлаа столчиња и уништуваа инвентар

Од:

Удари кон наставничка, фрлање столчиња, уништување училишен имот. Тоа се сцените снимени минатата учебна година во училница на мешаното средно училиште „25. Мај“ во Тузи (Црна Гора). За тоа сведочи видео на социјалните мрежи, со кои управата на училиштето, како што тврдат, се запознала пред само десетина дена, додека Министерството за образование не знае ништо за тоа.

Несоодветното однесување на учениците не е пријавено, а од образовната заедница посочуваат дека ова е првиот, задолжителен чекор за сузбивање на ваквото насилство. Тие се шокирани од немилиот настан и ги повикуваат сите веднаш да реагираат.

Како што дознава телевизија Вијести, дел од снимките кои се најдоа на социјалните мрежи се направени на крајот од минатата учебна година. Во некои од нив, покрај уништувањето на училишниот имот и недоличното однесување, може да се забележат и ученици како фрлаат предмети во наставничката Ардијана Јунчај, која предава во ова училиште.

Јунчај не одговараше на повиците на Телевизија Вијести, а вршителот на должноста директор на училиштето Сехад Љуљанај рече дека инцидентите не биле пријавени до училишната управа. Тој во оваа прилика не можеше да се појави пред камера, но во телефонски разговор рече дека е запознаен со спорните снимки пред десетина дена, а тие се направени во време кога тој не бил на чело на оваа едукативна институција.

Љуљанај го осудува ваквото однесување кое, како што вели, испраќа лоша слика не само за училиштето во Тузи, туку и за целото општество и државата. Посочува дека таквите работи мора да се пријават, за да се преземат соодветни мерки, а недоличното однесување да се санкционира.

Би можело да ве интересира

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Струмичанец ја нападнал вонбрачната партнерка и нејзиното дете

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски