Несекојденвен инцидент се случи денеска во седиштето на партијата Нов демократски дух (ФРД), меѓу претседателот Илир Мета и полициските службеници, кои биле дојдени да асистираат во ослободувањето на просторите.
„Неочекувано претседателот Мета насилно се судри со полициските службеници во просториите на ФРД, која е дел од опозицискиот изборен блок Дури се закани дека ќе ги стави во затвор“, јави телевизијата Топ чанел.
The party bandits, with the municipal police uniform of Erjon Velia, clash with the President of the Republic Ilir Meta …@GSKStrategy @LotteLeicht1 @DavidLega @donaldtuskEPP @USAmbAlbania @LSorecaEU @ulfgooglar @EPPGroup @StateDept pic.twitter.com/9nQbYidXDp
— Urim Gjata (@urimgjata1) March 12, 2021
-Излезете надвор, не создавајте проблеми, зошто ја малтретирате опозицската партија? Ви велам: Јас ќе ве одведам во затвор со свои раце, тоа е она што ви го велам, им се заканил Мета на полицајците, наведува телевизијата.
Според истиот извор, причината е конфликт што започнал откако членовите на ФРД одбиле да ги испразнат канцелариите, што од партијата го барала општина Тирана. Во наредбата стои дека „треба да заминат од тука поради амортизираниот објект “.
Како што пренесува пак, агенцијата Балкан веб, Мета бил повикан од претседателот на партијата Сали Шеху (кој деновиве го замени Бамир Топи, по неговата оставка) со образложение дека физички го нападнала полицијата, што се повторило и во присуство на Мета.
-Претседателот Мета апелираше до градоначалникот на Тирана Ерион Велиај да се откаже од ваквото дејствување. Од полицијата, пак, побара да го почитува законот „бидејќи ќе заврши како полицијата на Мубарак“, пренесува Балкан веб.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај за Њуз 24 изјави дека ФРД не го почитува законот и дека пред 10 дена општината им испратила писмо да ги ослободат просториите а за што рокот изминувал денес.
-Испративме писма до партиите да ги ослободат просториите. Другите партии ја почитуваа одлуката, додека ФРД денес покажува моќ заедно со Мета, чие присутно не можам да си објаснам зошто е. Моја обврска е да го заштитат целокупниот имот на општината. Кога сите други партии сместени во овој објект го испочитуваа нашето барање, и оваа партија мора го стори истото, рече Велиај.
Тој додаде дека просториите се во сопственост на општина Тирана, обвинувајќи дека „денешното однесување на Мета е тешка деградација на институцијата претседателот а и на самиот себе како личност“.