ВИДЕО: Страотен пожар беснее и кај Бодрум, стотици туристи евакуирани од хотелите

Од:

Не стивнуваат шумските пожари кои предизвикаа тревога во турските одморалишта на Егејското Море. По вчерашниот шумски пожар кај Сиде, во регионот на Анталија, кој однесе три животи, денеска се запали и шумата над Бодрум, како и кај Мармарис, а стотици гости се евакуирани од најблиските хотели, кои се целосно обвиени во чад.

Евакуирани се неколку стотици туристи, главно Руси, од два хотела непосредно под шумата која гори, а Русија денеска соопшти дека испраќа три авиони како помош во гаснењето на пожарите. Според официјални извори, досега во пожарите кои ги зафатија турските одморалишта, повредени се 112 луѓе. Турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли изјави дека настрадале и 150 говеда, околу илјада овци, уништени се 600 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се и 50 хектари под оранжерии.

Од денеска околу пладне, стотици пожарникари се обидуваат да ја скротат огнената стихија. Според надлежните, ситуацијата е тешка, но сѐ уште под контрола, а главните напори се насочени кон спречување на ширењето на пожарите кон туристичките и другите објекти во Бодрум.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул