ВИДЕО: Голем шумски пожар во турското одморалиште Сиде – изгореа села, хотелите без струја и вода

Од:

Голем шумски пожар избувна денеска околу пладне во Манавгат, кај туристичкото место Сиде, на околу 70 километри од Анталија.

Пожарот избувна во шума недалеку од туристичка населба во местото, а во блиските хотели и други туристички капацитети нема струја и вода.

Како што пренесуваат медиумите, целосно се изгорени две села, а евакуацијата на населението е во тек. Сè уште не е познато дали има жртви.

Ветерот го носи пламенот и огнот се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и со хеликоптери, јавуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски