ВИДЕО: Србија завеана од првиот снежен бран зимава, десетици села се без струја

Од:

Обилни врнежи од снег во изминатите два дена зафатија делови од Србија, каде снежната покривка достигна и до еден метар, а врнежите предизвикаа проблеми во снабдувањето со струја на најмалку 25 села, претежно во западниот и југозападниот дел од земјата.

Во општината Сјеница, 17 села се без струја, а општинските власти имаат големи тешкотии да ги исчистат локалните патишта. Во самиот град има околу 40 сантиметри снег.

„Повторно сме завеани и во целосен хаос, ова е неиздржливо. Струја немаме веќе 48 часа, патиштата не се исчистени, како да живееме на Дивиот Запад,“ вели еден од жителите на село на висорамнината Пештер.

Големи колони денеска се создале и на патот кон зимскиот центар Златибор, каде имало повеќе сообраќајни незгоди предизвикани од возачи кои неподготвени за зимските услови тргнале на пат, некои од нив и со летни гуми, јавуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац