(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Од:

Медиумите во Албанија објавија снимка од апсењето на поранешниот претседател Илир Мета. На видеото се гледа дека неговото возило полицијата го запира на среде булевар и специјалци го влечат надвор од колата.

Мета денеска беше приведен откако претходно неколку пати се појави на распит во Специјалното обвинителство за случајот ЧЕЗ-ДИА. Се работи за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша.

– Прогонот на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги извршија наредбите на албанскиот премиер Еди Рама, кој со сите средства политички, а можеби и физички се обиде да го елиминира Илир Мета. Еди Рама, како што во минатото објавував, е вмешан во исчезнување на лица на незаконски, противуставен начин – рече поранешниот албански премиер Сали Бериша.

Илир Мета отпатувал во Чешка со цел лично да преговара за договорот кој бил потпишан во септември 2010 година и ДИА (Debt International Advisory), советодавна компанија регистрирана на Девствените Острови на 7 јули 2010 година. која била обврзана да го наплати секој долг стар над 90 дена од институциите како и од приватни граѓани кои не ги платиле сметките за енергија.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он