(ВИДЕО) Снежана успеа да го најде Иван, човекот кој ја спаси во големото невреме во Загреб

Од:

“Немам зборови! Ти направи нешто за мене што никој никогаш не го направил! Навистина! Ми го спаси животот!” – изјави Снежана Фајфар на средбата со нејзиниот спасител Иван Метикош, човекот кој ја спаси пред некој ден во големото невреме кое го зафати Загреб.

„Тоа е ситница“, ѝ одговори Иван со насмевка. Снежана се расплака и вели: „Тоа е нашиот млад херој и сите стари нека погледнат кон него“.

“Не би рекол дека сум херој. Тоа е прилично силен збор. Мило ми е што можев да помогнам, најважно е госпоѓата да е добро”, скромно изјави Иван.

Видеото од спасувањето ја обиколи Хрватска. Се прошири и надвор од границите.

(ВИДЕО) Жена од Загреб го бара херојот кој ја спаси за време на невремето: „Ти благодарам непознат човеку“

Снежана на враќање од работа ја зафати невреме, силниот ветер почна кога дојде до зградата во која живее. На тоа место сосема случајно се најде 24-годишниот фитнес тренер заедно со својата девојка.

„Поминувавме и буквално додека се возевме по патот пред нас се срушија две дрвја и една бандера. Воопшто не можевме да ги избегнеме, дури ни зад нас затоа што падна уште едно дрво и единствената опција беше да се повлечеме некаде поблиску до зградата за да не падне дрвото врз нас. Така ја видовме госпоѓата“, изјави Метикош.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД