Големо невреме пропратено со дожд и град попладнево имаше во внатрешноста на Истра, Хрватска. Првичните информации се дека најлоша е состојбата околу подрачјата Бузета, Черовље и Трвиж.
Невремето траело дваесетина минути, но тоа било доволно со снег и мраз да се затрупаат патиштата. Агенцијата Хина пренесува дека се уништени бројни насади, а според изјавите на очевидците, невремето било толку силно што жителите од овој дел на Истра морале да ги тргаат паркираните автомобили или да ги покриваат за да ги заштитат од градот.
Првичните проценки укажуваат дека штетите за земјоделците ќе бидат големи, а метеоролозите изјавуваат дека станува збор за најсилното невреме годинава.